АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

„ХВА РАНГ ИТФ“ Лескоец-Охрид најдобар меѓу најдобрите на „3 Гран При Зворник 2022“

Викендов што помина Таеквон-до клубот „ХВА РАНГ ИТФ“ Лескоец-Охрид настапи на Меѓународен Таеквондо ИТФ А класа турнир „3 Гран При Зворник 2022“ во БиХ кој е најсилен турнир за пролетната натпреварувачка сезона на Балканот и пошироко, каде што учествуваа над 400 натпреварувачи од 36 клубови од 12 земји од Европа.

Нашиот клуб под водставо на Марјанчо Лазаревски носител на црн појас V дан, учествуваше со 20 натпреварувачи кои сите учествуваа во 2 дисциплини форми(борба со замилсен противник) и спаринг борби .

На овај престижен натпревар нашите натпреварувачи после Европското првенство каде направија историски успех освојувајќи  3 сребрни медали , повторно направија уште еден историски успех освојувајќи  23 медали, од кои 11 златни, 6 сребрени, 6 бронзени, пехар за најдобар женски кадет 11-13 години (Христијана Парулеска) и севкупен пласман на овај Гран При натпревар  пехар за најдобар клуб , освојувајќи   1  место .

На сите борилишта доминиараа нашите натпреварувачи, мразот го скршија најмладите натпреварувачи Бојана Китаноска, Давид Ристески, Тамара Тодороска, Стефан Чулчески, а потоа продоложија по нив и другите ,а на крај искусните натпреварувачи Христијана Парулеска, Елена Јанеска и Давид Крстескија ја потврдија доминацијата и оправдувајќи го постигнатиот успех од Европското првенство, изјавува Марјанчо Лазаревски кој повторно користи да изрази најголема благодарност до генералниот спонзор “ПН МЕТАЛ’ , кој и овај пат е најзаслужен за нивниот успех .

Освоени награди:

Пехар за најдобар клуб , 1  место за севкупен пласман на                                „3 Гран При Зворник 2022“

 

– Христијана Парулеска

Пехар за најдобар женски кадети 11-13 години

1 место (злато) форми  црвен појас женски кадети 11-13 години

1 место (злато) борби  -45 кг  женски кадети 11-13 години

-Софија Колушоска

1 место (злато) форми  плав појас женски кадети 11-13 години

 

-Бојана Китаноска

1 место (злато) форми  жолт виши појас девојчиња 8-10 години

1 место (злато) борби  -25 кг  девојчиња 8-10 години

-Тамара Тодороска

2 место (сребро) форми  жолт виши појас девојчиња 8-10 години

-Давид Ристески

1 место (злато) форми  жолт виши појас деца 8-10 години

-Стефан Чулчески

3 место (бронза) форми  жолт виши појас деца 8-10 години

-Теодора Тодороска

2 место (сребро) форми  жолт виши појас женски кадети 11-13 години

-Филип Зенгоски

1 место (злато) форми  жолт виши појас кадети  11-13 години

-Димитар Андрески

3 место (бронза) борби  -40 кг кадети 11-13 години

-Климент Богоески

1 место (злато) форми  жолт појас кадети 11-13 години

1 место (злато) борби  -55 кг  кадети 11-13 години

-Теодора Митреска

2 место (сребро) борби  – 60 кг  јуниорки 14-15 години

-Филип Митрески

3 место (бронза) борби  +60 кг кадети 11-13 години

3 место (бронза) форми  жолт виши појас кадети  11-13 години

-Лука Тодороски

3 место (бронза) борби  -50 кг кадети 11-13 години

 

-Михаил Јоноски

3 место (бронза) борби  – 65 кг  јуниори 14-15 години

-Владимир Димитриевиќ

2 место (сребро) борби  – 60 кг  јуниори 14-15 години

-Елена Јанеска

1 место (злато) форми  црн појас I дан јуниорки 14-15 години

2 место (сребро) борби  – 65 кг  јуниорки 14-15 години

-Давид Крстески

1 место (злато)  борби  – 60 кг  јуниори 14-15 години

2 место (сребро) форми  црн појас I дан јуниори 14-15 години