Поради приклучување на неколку објекти во водоводната мрежа на улицата ” Македонски Просветители” , денес од 09:00 до 12:00 часот ќе има прекин во водоснабдувањето во централното градско подрачје и тоа на следните улици: “Даме Груев” , “Партизанска”, “Димитар Влахов”, “Кеј Македонија”, дел од “Бул.Туристичка” и стариот дел на градот, информираат од ЈП Водовод Охрид.