АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Презентиран младински проект од Еразмус плус програмата

Денеска во Општина Охрид се одржа презентација на трансконтинталниот проект „Млaди општествено одговорни маркетери“ [mYOUth Socially Responsible Marketers – YouMAKE], подржан и финансиран од Европската комисија во рамките на Еразмус+ програмата.

Во реализацијата на овој двогодишен проект се вклучени претставници на универзитети, бизнис и НВО секторот од 5 држави:  Австрија; Непал; Полска; Узбекистан и Северна Македонија. Координатор на проектот е Асоцијацијата за истражување, едукација и развој „Маркетинг порта“ од Скопје.

Проектот е дел од глобалните активности на Обединетите нации и на Европската Унија за остварување на целите на одржливиот развој фокусирани на намалувањето на сиромаштијата, социјалната правда и одржливоста на животната средина како голем морален и политички императив на денешницата.

Освен зголемувањетo на јавната свест, особено на младите, за имплементација на целите на одржливиот развој во државите, YouMAKE проектот претставува можност за промовирање на Охрид како туристичка дестинација.

општина Охрид