АктуелноОхрид

Уапсен охриѓанец кој телефонски му се заканувал на странски амбасадор во земјава

Полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал при СВР Скопје, попладнево лишиле од слобода  охриѓенац  со живеалиште во село во охридско, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „загрозување на сигурноста“.

Постапувајќи по пријава од 14 април 2022 година, според која едно лице телефонски упатило закани по животот на амбасадор во странска амбасада во земјава, беа преземени мерки и активности од страна на полициски службеници, при што е утврден идентитетот на лицето, тоа е најдено и приведено – соопштија од МВР.

Оттаму информираат дека во координација со јавен обвинител од ОЈО Скопје, денеска за ова лице е поднесена кривична пријава за кривично дело по член 144 став 3 од Кривичниот законик.