АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Велика Среда: на помазувањето на Христа со скапоцено миро, средата пред Пасха

На светата и велика среда, светите Отци заповедале да правиме спомен на жената блудница, којашто го помаза Господа со миро, бидејќи тоа се случило пред самите Спасителеви страдања. Кога Господ дошол во Јерусалим и се ноаѓал во куќата на Симон лепрозниот, му пристапила жената блудница и на Неговата глава излила скапоцено миро. Од кои побуди се раководела таа! Бидејќи забележала дека Христос е сочувствителен кон сите, и дружељубив, та особено сега, кога видела дека Он е влезен во куќата на лепрозниот, а законот налагал таквиот да се смета за нечист и одлачен од заедницата, таа заклучила дека Он, како што и Симоновата лепра, така ќе ја исцели и нејзината душевна болест. И, ете, додека Он вечерта седел на трпезата, таа излива на Неговата глава миро, вредно околу тристотини динари, т.е. шеесет асарии, десет пенези и три сребреници. Учениците ја спречувале, особено Јуда Искариот, но Христос застанал во нејзина заштита, за тие да не ја спречат нејзината добра намера. Притоа го спомнал својот погреб, одвраќајќи го Јуда од предавството и удостојувајќи ја жената со чест, со тоа што насекаде низ светот ќе се проповеда за нејзиното добро дело..

 

denovi.mk