Ситуацијата на терен покажува дека не се обраќа доволно внимание на начинот на одлагање на картоните од пакување. Во овој период кога сите бизниси во градот работат со полн капацитет, количината на отпад е многукратно зголемена. Без правилно пакување на картоните, контејнерите се преполнуваат брзо, а многу често заради немање простор се остава отпад и надвор од контејнерите.
Ги советуваме правните субјекти да одвојат време да го објаснат ова на своите вработени и да им дадат доволно време за да можат да постапат според правилата.
Отпадот е прашање кое нѐ засега сите. Селектирај правилно!













