вторник, ноември 26, 2024
АктуелноОхрид

Денеска во Охрид 3 новозаразени лица од КОВИД 19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.997 тестови, а регистрирани се 142 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 77, Битола – 22, Кавадарци, Гостивар и Струмица – по 5, Струга – 4, Велес, Охрид, Кичево, Ресен и Радовиш – по 3, Штип и Прилеп – по 2, Кочани, Куманово, Гевгелија, Делчево и Берово – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (142), регистрирани се 25 реинфекции.

Регистрирани сe 198 оздравени пациенти од: Скопје – 112, Битола – 24, Охрид – 12, Прилеп, Кавадарци и Куманово – по 7, Ресен – 6, Велес, Делчево и Берово – по 3, Струмица, Кичево, Радовиш, Кочани и Гевгелија – по 2, Штип, Неготино, Дебар и Валандово – по 1

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е едно починато лице од Скопје (82г), починато во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 3 починати лица од Скопје (1), Струмица (1) и Крива Паланка (1) на возраст од 36 до 75 години. Пријавените лица се починати во периодот 07.03-08.04.2022 година, две во болнички и едно во домашни услови.

Од вкупниот број на починати лица (4), кај сите се регистрирани коморбидитети

 

МЗ