Во рамки на саемот зборував пред учесниците на Саемот и српските туристички работници за туристичките вредности и потенцијали на Охрид.
Горди сме што во континуитет ја подобруваме туристичката понуда, а постојано ги следиме светските трендови и затоа покрај постоечките, креираме и новиоблици на алтернативен туризам. Изготвуваме и заеднички проекти со соседните земји, со што на туристичките работници им овозможуваме да понудат нови пакети и кружни тури со што ќе се побуди интересот на гостите од целиот свет.
-напиша во својата ФБ објава градоначалникот Пецаков.