Регулаторната комисија за енергетика со задоцнување ја донесе својата најнова одлука за малопродажните цени на нафтените деривати во нашата земја кои доживуваат драстичен скок. По објавувањето на новите цени, граѓаните побрзаа пред полноќ да наточат гориво. Ваква е состојбата на една од бензиските пумпи во Охрид.
Инаку РКЕ попладнево објави Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 5,50 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 28.02.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 89,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 91,50 ден/лит.