На 26/27.02.2022 година од 21 до 02 часот, на подрачјето на СВР Охрид реализирани се засилени сообраќајни акциски контроли. Притоа, полициските службеници, затекнаа 17 возачи кои, управувале моторно возило под дејство на алкохол (Охрид—9, Струга-02, Кичево-05, Дебар-01). Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози.