АктуелноОхрид

Почина Мирослав Наумовски- Лав, еден од најзаслужните за возобновување на Охридскиот пливачки маратон

Со голема тага и жалење ја известуваме целата пливачка и спортска јавност дека денес почина Мирослав Наумовски- Лав, информираат од Националната пливачка федерација.

– Лав беше најзаслужен за возобновување на Охридскиот пливачки маратон во 1992 година, после 30 години пауза и негово позиционирање како една од најпосакуваните пливачки трки на отворени води. Почивај во мир Лав. Изразуваме големо сочуство до семејството и пријателите, порачаа од федерацијата.