четврток, ноември 28, 2024
АктуелноОхрид

Бензиска пумпа, фирми и приватни куќи на ул.15 Корпус два дена немаат струја – причина скинат кабел

Бензиска пумпа, фирми и приватни куќи  на ул. 15 Корпус два дена се без електрично напојување. Дознаваме дека причината е скинат кабел. Поточно поради градежни зафати на крајот од паркингот пред Градските гробишта каде што требало да се направи одвод затоа што се собирала вода, била повикана приватна фирма да ги извршува градежните зафати, но при зафатот бил скинат кабел.