АктуелноНаш изборНаш ИзборОхрид

Охридската гимназија во боите на ретките болести

Оваа година за Денот на ретките болести 2022 година ги повикуваме сите да и помогнат на заедницата за ретки болести да се обедини со ланец светла низ целиот свет.
Како и секоја година,така оваа година се приклучуваме кон глобалниот повик на ЕУРОРДИС за осветлување на локални и национални згради и споменици.
Сите знаеме дека изминатата,но и почетокот на оваа година поминува , во светлото на КОВИД-19.
Овој синџир на осветлени објекти ќе послужи како еден од симболичните начини за кршење на изолацијата на глобално ниво.
Во вторник на 1 февруари започуваме со националната кампања “Ги запознаваме ретките болести 2022” но и со осветлување на Самоиловата тврдина како едно од најважните обележја на Охрид.
Самоиловата тврдина ќе биде осветлена цел месец февруари во знак на поддршка на пациентите кои се борат со ретки болести.
Истиот ден во боите на ретките болеси ке се обојат и оптинските згради на Охрид,Дебарца и Струга.
Но секако дека не застануваме тука па затоа ве повикуваме да ни се придружите, осветлете некој објект или дајте ни ваш предлог за илуминација на некоја зграда,споменик и сл.
Повеќе осветлени локални и национални згради и споменици, го зајакнуваат меѓународното влијание!
Лолеска Гордана ,Живот со предизвици и НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид,Опшина Охрид,Општина Дебарца и Општина Струга.
Секој може да учествува во Глобалниот синџир на светла и да ги сподели вашите бои!
Во обид за глобална солидарност, поканети сте да го осветлите или декорирате вашиот дом со боите на Денот на ретки болести во 19 часот по вашето локално време на 28 февруари 2022 година .

 

Гимназија Охрид