На денешната прес-конференција Комисијата за заразни болести информираше дека се донесени повеќе препораки за справување со ковид пандемијата. Една од препораките се однесува на траењето на ковид сертификатите.
Комисијата предлага траењето на сертификатите по прележан ковид наместо досегашните 45 дена да трае 180 дена сметано од датумот на позитивен ПЦР тест.
Од комисијата додаваат дека засега не се размизлува за укинување на ковид сертификатите бидејќи епидемијата сѐ уште е во ек, а процентот на вакцинирани граѓани со две дози во нашата земја е околу 40%, а со три само 5%.