АктуелноОхрид

Во конкуренција од 23 илјади учесници, охридските бреинобреин генијалци освоија 8 трофеи, 14 златни медаљи и 33 сребрени медаљи

Одлични резултати на охридските бреинобреин генијалци на 7-от Интернационален Бреионобреин натпревар кој на онлајн платформа се одржа на 29 јануари 2022 година. Во конкуренција од 23 илјади учесници од 72 земји, учениците од Центарот за развивање животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид освоија 8 трофеи, 14 златни медаљи и 33 сребрени медаљи.
И овој пат, интернационално мерливите резултати покажаа и потврдија дека нашите бреинобреин генијалци се меѓу најдобрите во светот. А успехот се должи на посветеноста, вложениот труд и упорната работа на децата, на несебичната и професионална посветеност на тренерите и на поддршката од родителите.
Поттикнати од овој успех продолжуваме со имплементација на Бреинобреин програмата фокусирани на подобрување на излезните развојни резултати кај децата и градење поттикнувачки амбиент за учење преку градење мотивација и позитивен пристап кон учењето кој им помага на децата да развијат вештини, знаења, компетенции, самодоверба и чувство на социјална одговорност.