Од 20:00 ч. сите тешки товарни возила кои се движат преку планискиот превој Плетвар мора да имаат поставено зимска опрема (синџири).
УКИНАТА ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА: Во 06:40 часот се укина забрана за ТМВ на планинскиот превој „Стража“
ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА: Забрана за сообраќај за тешки товарни возила има на патните правци крак Маврово – Дебар и Струга – г.п. Ќафасан.
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвивa по претежно влажни коловози,а на повисоките места со остатоци од кашест снег по интервенција од дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
амсм