недела, ноември 24, 2024
АктуелноОхрид

(ФОТО) Општинскиот комунален инспектор постапува по барањето на Охрид SOS – подигнат градежен шут

Пред две седмици реагиравме до општинскиот инспекторат за депонирана земја и градежен шут под калето, веднаш после амбулантата во Воска (фотографија во прилог). Таа локација веќе подолго време служи за таква намена.
Утринава добивме известување од општинскиот комунален инспектор дека комуналната инспекција извршила увид и постапила по нашето барање. Градежниот шут и земјата се подигнати од субјектот на надзор. Не добивме фотографија после чистењето, обајвија на својот ФБ профил SOS.