Јован Кутаноски утре ќе плива на релација Радожда – Струга по повод празникот Успение на Пресвета Богородица
По повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица, утре познатиот пливач Јован Кутаноски ќе реализира уште еден спортски предизвик во водите на Охридското Езеро.
Кутаноски ќе плива на релација Радожда – Струга, со што ќе одбележи уште еден значаен празник преку спорт и пливање во езерските води.
Оваа релација претставува убав спортски предизвик, но и симболично поврзување на Радожда и Струга, во чест на празникот посветен на Пресвета Богородица.
Пливањето ќе биде реализирано утре, на празничниот ден, а љубителите на спортот и сите присутни ќе имаат можност да го проследат овој несекојдневен подвиг на Кутаноски.

















