недела, ноември 24, 2024
News1.mkСвет

Пристапот до Фејсбук и Инстаграм може да биде суспендиран низ цела Европа

Доколку Мета (матичната компанија на Facebook и Instagram) не може да пренесува, складира и обработува податоци од своите европски корисници на сервери со седиште во САД, пристапот до Facebook и Instagram може да биде суспендиран низ Европа. На ова на социјалните мрежи предупреди сопственикот на гигантот Марк Зукерберг во својот годишен извештај.

Клучниот проблем за Мета е трансатлантскиот пренос на податоци регулиран со т.н. Privacy Shield и други моделски договори што Мета ги користи за складирање на податоци од европски корисници на американските сервери. Тековните договори за пренос на податоци во моментов се под строга контрола во ЕУ.

Во својот годишен извештај до американската Комисија за хартии од вредност, Мета предупредува дека доколку не се усвои нова рамка и на компанијата веќе не и се дозволува да користи тековни модели на договори „или алтернативи“, компанијата „веројатно“ ќе престане да нуди многу од своите „ најважните производи и услуги“, вклучувајќи ги Фејсбук и Инстаграм, во ЕУ, пишува „Гардијан“.