Во црквата „Св. Богородица“ во село Скребатно утре, 28 август 2026 година, ќе се одбележи големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица.
По тој повод, со почеток во 8:00 часот, ќе се одржи света литургија, на која се очекува присуство на голем број верници.
По завршувањето на богослужбата ќе следува голем црковно-народен собор, како и традиционалниот ручек за сите присутни.
Од црковниот одбор упатуваат покана до верниците да бидат дел од празничното одбележување и заедничкото чествување на еден од најголемите христијански празници.
За многу години!


















