Проектот Регионална програма за локална демократија во Западен Балкан2 (ReLOaD2) е финансиран од Европската унија и го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во шест земји/територии од Западен Балкан. Проектот ќе трае до декември 2024 година и има за цел јакнење на партиципативната демократија и процесите за интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската Унија преку јакнење на граѓанското општество и младите за нивно активно учество во процесот на денесување одлуки.
Во проектот ReLOaD2 се вклучени 8 општини: Битола, Велес, Гевгелија, Гостивар, Крива Паланка, Кочани, Куманово и Охрид.
Општина Охрид и проектот ReLOaD2 ги повикуваат сите граѓански организации да поднесат предлог проекти кои се доследни на развојните цели на општина Охрид и со кои се опфатени следните приоритетни области:
1. Младински активизам и партиципација
1.1 Активности за спречување на врсничко насилство и реализација на активности за превенциј
а и спречување со сите видови на насилство.
1.2 Активности за поддршка на младите во рурални средини
1.3 Поддршка на младите, младинската партиципација и младинскиот активизам.
1.4 Поддршка на проекти и активности за подобрување на менталното здравје кај младите.
2. Родова еднаквост, економска и социјална инклузија
2.1 Активности за зголемување на веш
тините и знаењата на жените и ранливите групи во руралните средини со цел подобрување на нивната економска состојба.
2.2 Поддршка на проекти и активности за развој, поттикнување и промоција на земјоделското производство, како и активности и едукација за одгледување на органско производство.
2.3 Реализација на проекти и активности за социјална инклузија на ранливи категории на граѓани, особено на лицата со попреченост и деца со потешкотии во развојот со цел подобрување на квалитетот на живот.
2.4 Реализација на проекти и активности за заштита и поддршка на жртви од семејно насилство.
3. Туризам, заштита на животната средина и култура
3.1 Поддршка на проектни активности за развој и промоција на туризмот, културата и културно- историското наследство на Општина Охрид.
3.2 Развој на алтернативниот и селскиот туризам како можност за подобрување на економската состојба на ранливите категории, пред се на жените и младите од руралните средини.
3.3 Проекти за подигнување на еколошката свест за зачувување на природното наследство и биодиверзитетот.
3.4 Заштита на животната средина и подигнување на еколошката свест.
Износот на средства за одобрени проекти ќе се движи од 307.000,00 МКД до 1.845.000,00 МКД.
На граѓанските организации им е дозволено да поднесат повеќе од еден предлог проект, доколку вкупниот доделен износ не надминува 3.690.000,00 МКД за целото времетраење на проектот ReLOaD2 (до декември 2024).
Општина Охрид и УНДП го задржуваат правото да не ги доделат расположливите средства доколку предлог проектите не ги исполнуваат зададените критериуми. Проектите може да бидат со времетраење од 6 до 12 месеци. Избраните проекти мора да се спроведат во периодот од мај 2022 до крајот на април 2023.