АктуелноОхрид

Пливачкиот клуб „Струга“ со 12 медали на меѓународниот натпревар NEMO CUP 2026 во Скопје

Одличен настап на младите пливачи на ПК „Струга“ на 22. издание на пливачкиот натпревар NEMO CUP 2026, што се одржа во Скопје. Струшкиот клуб настапи со 23 пливачи, кои освоија вкупно 12 медали – два златни, три сребрени и седум бронзени, потврдувајќи го својот потенцијал и посветеноста кон пливачкиот спорт.

Најуспешни во своите дисциплини беа Антонија Чакар и Георгина Ѓоршески, кои се закитија со златни медали во дисциплината 50 метри градно. Чакар освои и сребро на 100 метри градно, додека Ѓоршески со својот настап се искачи на највисокото место на победничкиот подиум, останати кои освоија медали се:

1. Антонија Чакар (2016)
1 МЕСТО (Златен медал) – 50m градно
2 МЕСТО (Сребрен медал) – 100m градно
2. Георгина Ѓоршески (2017)
1 МЕСТО (Златен медал) – 50m градно
3. Ангела Филева (2018)
2 МЕСТО (Сребрен медал) – 50m грбно
3 МЕСТО (Бронзен медал) – 50m слободно
3 МЕСТО (Бронзен медал) – 50m делфин
3 МЕСТО (Бронзен медал) – градно
4. Деспина Чакар (2012)
3 МЕСТО (Бронзен медал) – 100m градно
3 МЕСТО (Бронзен медал) – 200m градно
3 МЕСТО (апсолутна категорија)
5. Сара Филева (2016)
3 МЕСТО (Бронзен медал) – 50m слободно
3 МЕСТО (Бронзен медал) – 50m грбно

Значаен успех оствари и Ангела Филева, која освои сребрен медал на 50 метри грбно, како и бронзени одличја на 50 метри слободно, 50 метри делфин и во дисциплината градно.

Деспина Чакар се закити со бронзени медали на 100 и 200 метри градно, како и со бронзено одличје во апсолутната категорија. Меѓу освојувачите на медали е и Сара Филева, која освои бронза на 50 метри слободно и 50 метри грбно.

Покрај медалистите, и останатите членови на клубот забележаа добри настапи, при што многумина ги подобрија своите лични времиња. За младите спортисти, ваквите натпревари се важна можност за стекнување искуство, напредување и проверка на сопствените способности во конкуренција со други пливачи.

Бобан Филев (2013)
Ѓулмихал Јуртцевен (2017)
Дора Филева (2013)
Бојана Костоска (2013)
Лана Велоска (2015)
Оги Вранишкоски (2017)
Јана Нанушевска (2017)
Илија Тодороски (2013)
Максим Тодоровски (2014)
Мартин Цветкоски (2015)
Матеј Јолдески (2016)
Саво Ристоски (2012)
Ненад Костоски (2016)
Ели Чавкоска (2015)
Марко Арсовски (2014)
Елиф Јуртцевен (2013)
Сара Рамадани (2016)
Маркијан Лазороски (2010)

Од ПК „Струга“ упатија честитки до сите натпреварувачи за вложениот труд, борбеноста и спортскиот дух, а посебна благодарност изразија и до родителите за нивната постојана поддршка.

Со освоените 12 медали и подобрените лични резултати, младите пливачи од Струга уште еднаш покажаа дека посветеноста и упорната работа се важен дел од спортскиот развој.