АктуелноОхрид

Товарно возило удрило во 78-годишна жена од Охрид

На 20.10.2026 околу 11:00 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„15 Корпус“ во Охрид, товарно возило „ман“ со приколка со охридски регистарски ознаки, управувано од 62-годишен  од Охрид, удрило во 78-годишна жена  од Охрид.

 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.А., констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Охрид.