И после три години од прокиснувањето на кровот од болницата дијализа во Струга, сеуште ништо не е санирано ниту поправено. Пациентите се се повеќе сведоци на дупките кои се надвиснуваат по ходниците, а дел од оние кои престојуваат во оваа болница се молат да не заврне и водата да прокисне внатре.
Дополнително на тоа, болницата нема ниту реагенси кои се потребни за испитувања на миктобиолошките анализи. Иако за закажан термин преку системот се чека и по две недели, пациените се враќаат назад кога нема реагенси.
Њуз1 побара информација од јавен карактер од Министерството за здравство, зошто е тоа така и зошто воопшто се закажува терминот во системот, кога ги нема реагенсите, но до денеска не добивме одговор од надлежните.
Единствено што се прави се лабораториските испитувања на крвна слика, она што секаде може да го направи пациентот.