сабота, ноември 23, 2024
News1.mkАктуелноОхрид

Приведени три лица од охридско поради вршење незаконит риболов

На 28.01.2022 во 07.40 часот во авто камп „Љубаништа“ во с.Љубаништа, охридско, кај местото викано „Ќоше“, од страна на полициски службеници од Полициска станица за Граничен надзор „Охридско Езеро“, при Регионален центар за гранични работи Запад, лишени од слобода се три лица од с.Љубаништа, затекнати како вршат незаконит риболов во водите на Охридското Езеро.

Притоа кај нив биле пронајдени и одземени шест рибарски мрежи со вкупна должина од 360 метри со улов на риба и пловен објект. Во координација со Јавен обвинител од ОЈО Охрид против нив ќе биде поднесена кривична пријава по чл.229 од Кривичниот законик, за незаконит риболов.