News1.mkАктуелноОхрид

Откриен шверц на стока во вредност од 10.000 евра на Граничен премин „Ќафасан“

На 28.01.2022 во 10.05 часот на Граничен премин „Ќафасан“ на излез од државата, по претходно спроведени активности од страна на Одделението за прекуграничен криминал Струга при Регионален центар за гранични работи Запад, извршена е контрола на патничко возило „мерцедес“, со албански национални ознаки, управувано од А.С. (55), каде како совозач бил А.М.(47) . Притоа, во возилото биле пронајдени производи во вредност од околу 10.000 евра, без соодветна документација. Лицата и производите се предадени на царински службеници за понатамошна постапка согласно чл.263 од Царинскиот закон.