сабота, ноември 23, 2024
News1.mkМакедонијаНаш изборНаш ИзборПоследни Вести

МЗ: Комисијата за заразни болести препорача второто полугодие да се одвива со физичко присуство на учениците

Комисијата за заразни болести, следејќи ја епидемиолошката состојба, препорача почнувањето на второто полугодие од учебната 2021–2022 год, наставата да се одвива со физичко присуство за сите ученици во основно и средно образование со доследно почитување на превентивните мерки и протоколи.

Поради епидемиолошката ситуација на терен со зголемување на бројот на новозаразени од коронавирусот, стартот на второто полугодие се помести за десетина дена, односно од 1 февруари.