сабота, ноември 23, 2024
АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Акција на ЈП “Охридски Комуналец” по 50 садници за државните и јавните институции

Ј.П.„Охридски Kомуналец” организира акција со која на државните и јавните институции кои дејноста ја обавуваат на територијата на општина Охрид, им се доделуваат по 50 садници сезонски цветен расад од сопствено производство.
Целта на оваа акција е да им дадеме поттик на општествено одговорните институции да ги разубават своите дворови , а со своето уредено цветно катче да бидат пример за оплеменување на просторот, создавање здрави животни навики и заштита на животната средина.
Садниците можат да се подигнат од расадникот на Ј.П.„Охридски Kомуналец”.