недела, ноември 24, 2024
АктуелноОхрид

Азески: Не може сега, во Охрид, чаршијата да не работи во недела – ќе се види дека тоа нема ефекти и ќе биде повлечено

Не може сега, во Охрид, чаршијата да не работи во недела. Туристи во зима не доаѓаат во Охрид во вторник, туку во недела. Mислам дека нема да придонесе. Бргу после ова ќе се види дека нема ефекти и ќе биде повлечено, истакнува Бранко Азески, претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија во дел од интервју за Гласот на Америка.

Според Азески, во Комората секогаш имале негативен став.

Иако владата се обиде со маневар да изземе одредени категории. Ние сметаме дека тоа е пазарна категорија и треба да се однесуваме така кон сите пазарни категории. Ние направивме анализа и надвор. Таму тоа постои. Но, тоа се држави со висок стандард, со друга верска ориентација. Не можеш да ги споредиш и да ги земеш како пример. Мислам дека ова владата не сакаше до крај да го сослуша. Беше определена ова да го направи, не знам од кои причини. И мислам дека нема да придонесе. Бргу после ова ќе се види дека нема ефекти и ќе биде повлечено, рече Азески.