АктуелноЗанимливостиИздвојувамеМакедонијаНаш изборНаш ИзборОхрид

Винарија „Манастир“ во Опеница – вино, традиционална храна и прекрасна природа на само неколку километри од Охрид

Во селото Опеница, недалеку од Охрид, се наоѓа Винарија „Манастир“, интересно место кое ги спојува производството на вино, традиционалната македонска гастрономија и прекрасната природа.

Винаријата е сместена на крајот од селото, непосредно наспроти манастирот „Св. Козма и Дамјан“, чија црква е изградена и фрескоживописана, додека изградбата на манастирските конаци сè уште трае.

Екипата на туристичкиот портал Patuvanja.mk ја посети винаријата во есенскиот период, токму кога се произведуваат новите количини вино. При посетата ја разгледавме винската визба, каде што созрева овогодинешното вино, залихите од различни сортни вина, како и бочвите во кои се чуваат вина од претходните години. Имавме можност да го проследиме и процесот на производство на ракија.

Посебна атракција е прекрасната тераса пред винаријата, со традиционално огниште на кое се подготвуваат охридско ѓомлезе, домашни комати и месо под сач.

Непосредно покрај винаријата тече планински поток со чиста вода, а околната природа во есенските месеци добива прекрасни златни, црвени и портокалови нијанси.

Винарија „Манастир“ претставува интересна дестинација за љубителите на виното, домашната храна и природата, но и пример за потенцијалот на винскиот и руралниот туризам во охридскиот регион.

Контакт за информации и посета:

📞 +389 76 217 121

📞 +389 78 474 656

📞 +389 71 317 625