АктуелноОхрид

(ВИДЕО) Пецаков: Завршија градежните активности за асфалтирање во с. Лакочереј

Овие активности се дел од нашите заложби за рамномерен развој на општината и подобрување на руралната инфраструктура.
Со оваа инвестиција ја зголемивме безбедност за сите учесници во сообраќајот, овозможивме полесен и побрз пристап, односно ги подобривме условите за живот. Претходно тука се постави и примарна канализациона мрежа.
Продолжуваме со силно темпо на работа низ целата општина Охрид.