АктуелноОхрид

Санирано оштетувањето на дрвениот дел од пешачката патека кај каналот Студенчишта

Целосно е санирано оштетувањето на дрвениот дел од пешачката патека кај каналот Студенчишта во Охрид, кое настана откако врз неа падна дрво што било труло и претставувало опасност за пловилата и граѓаните кои се движат низ овој дел од каналот.

Како што утрово информираше порталот Охрид1, дрвото морало да биде пресечено поради безбедносни причини, а при неговото отстранување бил оштетен дел од дрвената конструкција на патеката.

Во текот на денот екипи извршија целосна санација на оштетениот дел, при што беа поставени нови дрвени елементи и патеката повторно е безбедна за пешаците и посетителите.

Каналот Студенчишта е едно од најпосетените места за прошетка и рекреација во Охрид, особено во пресрет на туристичката сезона, кога овој потег го користат голем број туристи, рекреативци и сопственици на пловни објекти.