Дамјан Пејчиноски и неговиот бенд приредија прекрасно музичко доживување за љубителите на џезот на третата фестивалска вечер на Охрид Џез Фестивал.
Заедно со Пејчиноски настапија Зоран Јагоридовски – перкусии, Дејан Милосавлевиќ – тапани, Гордан Спасовски – пијано и Горан Гешовски – бас гитара, изведувајќи авторски композиции и познати џез стандарди.














