При сечење на старо дрво оштетен е дел дрвената конструкција кај пешачката патека во каналот Студенчишта.
Дрвата се сечени бидејќи дел од нив биле трули и накривени над каналот каде поминуваат пловила, од нив се кршеле гранки кои паѓале над пловилата со што претставуваа опасност за луѓето.
На местото на исечените дрва се засадуваат нови.














