Во изминатиот период на автопатот Охрид-Кичево на новите свлечишта се извршија дополнителни геоистражни работи врз основа на кои се изработија основни проекти за стабилизација на 14 свлечишта, во вид на т.н. Галерија.
Галериите се исклучително комплициран инженерски потфат со кој се решава проблемот со свлечиштата на автопатот Охрид – Кичево
Продолжуваме да ја градиме Македонија, напиша на својот ФБ профил министерот за транспорт и врски Александар Николоски.












