На официјалната страна на Р.К. Вардар осамна пост со честитка за пласманот во европското финале до охридскиот ракометен клуб. Честитката ја пренесуваме интегрално.
Пласманот во едно европско финале е потврда за квалитет, посветеност, работа и верба, а воедно и гордост за сите што го следат и сакаат ракометот во Македонија.
На ГРК Охрид – GRK Ohrid му посакуваме многу среќа во финалето на Купот на ЕХФ, достоинствен настап и уште еден голем момент за македонскиот спорт.
Кога македонски клуб испишува европска приказна, тоа е успех што заслужува аплауз.
Честитки за РК Охрид. 













