АктуелноВидеаВидеоМакедонијаНаш изборНаш ИзборОхридПоследни Вести

ЕТЕ И ТОА СЕ СЛУЧУВА – Мала депонија на Галичица каде блиску нема никакви објекти

Во недопрената природа на Галичица на полјани и ледини каде во близина нема никакви објекти , ни комерцијални, ни за домување, меѓу зеленилото и природната убавина во еден дол, некои малоумни стигнале да направат депонија. Од каде ли и како ли го носеле ѓубрето до овде , наместо да го одложат таму каде му е местото, или ако веќе незнаеле дека ѓубре се фрла во контејнери, можеле барем да го остават некаде каде е пофрекфентно и некој ќе го забележи и можеби ќе го исчистат .

Н.П. Галичица е природен драгоцен камен на Македонија и магнет за туристи љубители на природата, а од таму со години апелираат за освестување и сузбивање на ваквите појави , но очигледно до совеста и  умот на некој индивидуи не допира никаков апел , повик  или едукација.