АктуелноОхрид

Нови современи котли за греење во ООУ „Христо Узунов“ во Охрид

Подобрување на условите за изведување на наставата и поголема енергетска ефикасност се целите на новата инвестиција во ООУ „Христо Узунов“ во Охрид, каде што се изврши замена на старите парни котли со нови, современи системи за греење.

Активноста е реализирана во соработка со локалната самоуправа и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, со цел да се обезбедат подобри услови за престој и работа на учениците и наставниот кадар.

Со поставувањето на новите котли се очекува подобрување на системот за затоплување, поефикасно користење на енергијата и создавање попријатна средина за одвивање на воспитно-образовниот процес.

Од училиштето посочуваат дека инвестициите во подобрување на училишната инфраструктура се важен предуслов за квалитетна настава и безбедна и пријатна училишна средина.

Со оваа интервенција, ООУ „Христо Узунов“ продолжува со унапредување на условите за образование, ставајќи го во фокус здравјето, удобноста и потребите на учениците и вработените.