АктуелноОхрид

Лице од Охрид на 62 години управувал мопед без возачка дозвола

На 29.04.2026 во 10:45 часот на ул.„Дејан Војвода“ во Охрид, полициски
службеници го лишија од слобода лице на (62) од Охрид.

При сообраќајна контрола на патот, полициски службеници сопреле мопед со охридски регистарски ознаки, кој лицето  го управувал и по извршени проверки, било констатирано дека го управувал
мопедот без да поседува возачка дозвола.

Мопедот е одземен и по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.