На 29.04.2026 во 14:20 часот на магистрален пат Охрид–Кичево, кај с.Ботун
полициски службеници го лишија од слобода лице на (29) од с.Колари, кичевско.
При сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле товарно возило „ман“ со
приколка со кичевски регистарски ознаки, кое А.Р. го управувал и по извршени
проверки, било констатирано дека го управувал возилото, без да поседува возачка
дозвола.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.











