АктуелноОхрид

Заврши асфалтирањето на патот кој води кон црквата „Свети Наум“ во село Орман

Деновиве заврши асфалтирањето на патот кој води кон црквата „Свети Наум“ во село Орман.

 

По долгогодишно очекување, жителите на Орман и сите верници кои ја посетуваат црквата конечно добиваат уреден и пристапен пат.

 

Средствата за реализација на проектот се обезбедени од Буџетот на Општина Охрид, во рамки на Програмата за уредување на градежно земјиште.

 

Продолжуваме со реализација на проекти кои значат подобри услови за живот и рамномерен развој на сите населени места во Општина Охрид.