АктуелноОхрид

Мицкоски: Денеска присуствував на почеток на изградба на проект за систем за одводнување на фекални отпадни води во село Враништа, во Општина Струга

Ова е проект што има децениско значење бидејќи е ветуван неколку децении и јас сум убеден дека со реализацијата на овој проект, но и на сличните проекти не само во Струга туку ширум цела Македонија полека но сигурно Владата со својата работа го разбива стереотипот од минатото дека сите политичари се исти, дека сите влади се исти, гледаат само за себе, а не за граѓаните.
Ценам дека со нашата работа, посветена, фокусирана се разбира во рамките на нашите можности и ресурси тоа што можеме да го направиме го правиме исклучиво и за интересот на граѓаните.