На свечена церемонија, на маргините на најголемиот и најзначаниот годишен собир на кардиолози од целиот свет, а во организација на најмоќната заедница на кардиолози на американскиот континент- American College of Cardiology, во Њу Орлеанс, САД, на еминентниот македонски кардиолог Никола Бакрачески од Охрид му беше официјално врачена титулата соработник на Американскиот Колеџ за Кардиологија или скратено FACC ( Fellow American College of Cardiology) – престижна група на еминентни кардиоваскуларни професионалци, признати и почитувани од глобалната кардиолошка заедница во светот.
Претходно, во јануари 2025 д-р Бакрачески беше избран за соработник на Европското здружение по кардиологија FESC ( Fellow of the Europian Society of Cardiology) – и со тоа се придружи на посебната статусна група која помага да се дефинираат идните насоки на кардиологијата во Европа.
Со овие две статусни титули д-р Бакрачески стана еден од ретките кардиолози на овие простори кој се здобил со овие две признанија истовремено. Истите преставуваат најпосакувани и најзначајни достигнувања во професионалната кариера на секој кардиолог ширум светот, и ги вбројуваат во заедницата на кардиоваскуларни професионалци рангирани како најдобри во областа.
“Чест и гордост е да се биде соработник на престижната American College of Cardiology. Ова е потсетник дека посветеноста, учењето и напредокот имаат мерлива вредност и истите никогаш не престануваат ”, изјави Бакрачески за весникот ВЕЧЕР.
Извор Вечер.Пресс













