АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

(ФОТО) Превртен џип во сообраќајка на бул. „Св. Наум Охридски“ кај Рача во Охрид

Сообраќајна несреќа се случила денеска на булеварот „Св. Наум Охридски“ во Охрид, при што превртено е возило од типот џип.

Според неофицијални информации, во инцидентот нема настрадани лица. На местото на настанот интервенирале надлежните служби, а се очекува полицијата во текот на денот да излезе со повеќе детали за причините и околностите под кои се случила несреќата.