На овој Свет и најголем ден, го славиме раѓањето христово кое е темел – основа на христијанската вера и христијанските празнувања.
Празникот на радоста и милосрдието е пред нас. Раѓањето на Спасителот е чудо над чудата, празник над сите празници. Нашата радост, нашата молитва и нашите добри дела треба да го градат нашето спасение, а воедно и животен подвиг на секој вистински верник. За време на Божиќ, во молитвите да ги отвориме нашите срца уште еднаш да ја примат радосната вест и во духот на мирот и заедништвото да се радуваме на љубовта со која Бог сите нас не благослови.
Ова е ден за семејството, за љубов, за мир во душата. Да се обидеме да ја зачуваме божиќната магија во текот на целата година, за да бидеме подобри, да сакаме посилно и да правиме по едно мало чудо секој ден.
Среќен Божиќ!











