АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Блесна градскиот плоштад со најубавиот украс на градот – Божиќната пештера

Блесна градскиот плоштад со најубавиот украс на градот – Божиќната пештера, симбол на Витлеемската пештера во која се роди нашиот Спасител, Исус Христос.
Охрид е во завршни подготовки за свечениот дочек на Христовото Раѓање, а поставувањето на Божиќната пештера му дава посебна празнична светлина и радост на градот.
Овој свет симбол на Рождеството носи топлина, вера и благослов, исполнувајќи ги срцата со љубов и надеж во пресрет на најсветлиот христијански празник. 😇✨
Со Божиќната радост, срца да стоплиме!