Претставници на „Републиканската Народна Партија“ на Египет и бизнисмени деновиве се во посета на Македонија, а посетата на Охрид покрај деловните бизнис договори ја искористија и за средба со заедницата на Египќаните во Охрид.

Тие најпрво го посетија клубот и Здружението на Граѓани Пирамида во Охрид каде се сретнаа со Советникот од Египќаните Арбен Демироски Бено и останатите членови на здружението. Гостите се запознаа со активностите на здружението на Египќани, им беа презентирани информации за полтичките активности кои траат последните 12 години и ги извлекоа Египќаните од дното на општеството ставајќи ја заедницата на Египќаните како рамноправен чинител на сите политички процеси во Охрид.
На гостите им беа врачени подароци за спомен на оваа средба, а им беа подарени и книги од автори Египќани, како книгата „Балкански етнички Феникс“ на професорот Рубин Земон, и „ Децата на Амон“ на писателката Робертина Ал Ашоури.
Како политички можности од страна на гостите беше посочено дека тие преку нивната партија ќе покренат иницијатива пред телата на парламентот во Каиро, да се почнат контакти и активности за воспоставување на комуникација , а во иднина и активно вклучување во помгање и градење релации на соработка меѓу Египет како држава и заедницата на Египќаните во Македонија.

Гостите потоа ја посетија џамијата „ Емин Махмуд “ која е верско собиралиште на Египќаните од Охрид. Тука се запознаа со активностите на верниците, нивните самостојни напори да ја обноват и доржуваат џамијата со сопствени финансии и сопствена работа. Во џамијата гостите од Египет заедно со домаќините со моилитва се помилија пред Севишниот Бог.

Потоа гостите од Египет ја посетија и занаетчиската работилница на Рамиз Зејнел – сопственик на ковачка работилница од Охрид во која занаетот се пренесувал од генерација на генерција со векови. „ Исти вакви, идентични работилници можете да сретнете кај нас во Египет“ беше коментарот на почитуваните гости.
Ohrid1.com












