АктуелноОхрид

(ФОТО) Општа болница Охрид: На Одделот за геријатрија во изминатиот период беше реализирано комплетно реновирање на две дупли болнички соби

На Одделот за геријатрија во изминатиот период беше реализирано комплетно реновирање на две дупли болнички соби
Овие активности се дел од континуираните напори за унапредување на болничката инфраструктура и подобрување на квалитетот на здравствената грижа, особено за највозрасната и најранливата група пациенти.
Реновирањето опфати целосна замена на подовите, санација и уредување на ѕидовите, како и промена на дограмата, со цел обезбедување подобри услови за престој, зголемена безбедност и поголем комфор за нашите пациенти.
Реализацијата на овој проект беше овозможена со дел од средства обезбедени од сопствениот буџет на установата, како и дел од донација на DNC Balkans & Europe, на која искрено ѝ се заблагодаруваме за поддршката и придонесот во унапредувањето на болничките услови.
Посебен и емотивен момент го одбележа крајот на денот на отворањето на реновираните болнички соби, кога нашиот пациент Дедо Божин во топла и пријатна атмосфера го прослави својот 82-ри роденден. Овој настан уште еднаш потсети дека болницата не е само место за лекување, туку и простор за човечка грижа, внимание и достоинство.
Во наредниот период продолжуваме со понатамошно реновирање, дел по дел, на останатите болнички простории, со јасна цел создавање побезбедна, похумана и поквалитетна болничка средина за пациентите и персоналот.