АктуелноОхрид

(ФОТО) Голем број активности за одржување на јавната чистота на ЈП „Охридски Комуналец“

Екипите задолжени за одржување на јавните површини со голем број активности на повеќе локации во градот и приградските населби
🌊Се чисти крајбрежниот појас од хотел Метропол до село Пештани; Се подигнува тешко разградлив отпад натрупан од езерските бранови или оставен од несовесни граѓани
✔️Јавните површини интензивно се метат, покрај граничниците се отстранува ниската вегетација и наносите од песок; Посебен акцент се става на локациите каде се изведуваат градежни активности
💧Континуирано се реализираат активности за миење на јавните површини
❄️Во Стар Град на посебни пунктови се поставени вреќи Со сол и ризла за брза интервенција во зимски услови