Најмладите верни чувари на Христијанството и верата, дечината од Православна младина при Парохијата Вранишка, полека ги отпочнуваат подготовките на Бадниковата поворка, која традиционално ја реализираат на Бадник, денот предвесник на Христовото раѓање.
Драги дечиња и родители,
со радост ве информираме дека во пресрет на големиот празник Рождество Христово како и секоја година ќе се организира Бадникова поворка во нашата парохија.
Оваа најава е навремена, со цел сите родители да можат однапред да го испланираат своето време и учеството на децата.
Точното време, маршутата и деталите околу подготовките ќе бидат објавени дополнително.
Ви благодариме за поддршката и заедничката грижа децата да растат во духот на верата, заедништвото и празничната радост, информираат од Православна младина Парохија Вранишка.












